Ракометарите негативни на ковид-19 пред мечот со Финска

facebook.com/rfmofficial

Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на Европското првенство 2022 против репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија ги спроведе последните тестирања за детекција на вирусот ковид-19.

Сите резултати на спроведените тестови на ракометарите и стручниот штаб се негативни, воедно селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и се со негативни тестови, информираат од РФМ.

Првиот натпревар на Македонија од квалификациите во групата „7“ за учество на наредното ЕП против Финците ќе биде в среда (4 ноември) со почеток од 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Брестовац го повика Георгиевски за дуелите со Финска и Швајцарија

Во истиот термин селекцијата на Данска е домаќин на Швајцарија. Потсетување во второто коло играме против Швајцарците в сабота од 18.30 часот на гостински терен.

Од нашата федерација повторно напоменуваат дека согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација „EHF Hygiene Concept“ за спроведување на натпревари не е предвидена прес-конференција/брифинг со медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот