Ракометарите на ПИК Сегед сè уште веруваат во чудо

Фото:pickhandball

Желбата за прв пат, ПИК Сегед, да игра на завршниот турнир во Келн, не ги напушта ракометарите. Поранешниот ракометар на Вардар, Жоан Кањељас кој со „црвено-црните“ во 2017 година триумфираше во Лигата на шампионите, верува дека со малку среќа ќе успее да го елиминира македонскиот шампион.

– Мора да го одиграме најдобриот натпревар сезонава доколку сакаме да играме во Келн. Вардар има голема предност но можеме да играме против нив. Добро ја познавам играта на Вардар, тие нема да се исплашат од атмосферата на трибините но мора да ги принудиме да грешат – вели Кањељас.

„Луда“ недела предвидува и крилото, Стефан Сигурмансон.
– Не знам што ни се случи во последните 10-11 минути во Скопје кога ни се распадна играта, но сега ќе биде поинаква приказна. Мора да играме далеку подобро во одбраната, а со добра одбрана ќе имаме и лесни голови од противнапади. Доколку успееме да дојдеме до предност од 4-5 голови до полувремето, сигурен сум дека ќе играме во Келн – не го напушта оптимизмот, Сигурмансон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот