Ракометарите на Египет ги шокираа Германците и си закажаа полуфинална пресметка со Франција

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Ракометната репрезентација на Египет приреди изненадување во нокаут фазата и ја совлада фаворизираната Германија со 31:26. Победата за Египет значи пласман во полуфиналето каде ги чека Франицја.

Египетските ракометари во дуелот со Германија, влегоа без страв и без комплекси, успеаја да го наметнат својот стил на игра и го добија првото полувреме со 16:12.
Кога сите ракометни фанови очекуваа Германците во вториот дел да возвратат, Египет кон средина на второто полувреме водеа со 22:17.

Високата негатива ги натера Германците во обидот што побрзо да се вратат во игра,  да направат голем број на грешки кои противникот сурово ги казнуваше и рутински го приведе натпреварот до крајот.

Најдобри кај репрезентацијата на Египет беа Али Мохамед и Јахја Омар со по пет постигнати голови, Мохамед Санад и Јехија Елдер со по четири голови. Во тимот на Германија подобри од останатите беа Јулиус Куев со шест и Јохан Гола и Марсел Шилер со по пет постигнати голови.
Во полуфиналето кое ќе се игра на 5. август ќе играат Египет – Франција и Данска – Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот