Ракитиќ потпишува за клубот кој го одби минатата година

фото:твитер

Каталонскиот „Спорт“ објави дека Барселона и Јувентус ги договорија сите детали за размената на играчи.

Миралем Пјаниќ и Матиа де Шиљо во летниот преоден рок ќе се преселат од Јувентус во Барселона, а во обратен правец ќе заминат Жан-Клен Тодибо и Иван Ракитиќ.

Италијанскиот шампион и минатата година се обиде да го ангажира Ракитиќ, клубовите се договорија за висината за обесштетувањето, но хрватскиот репрезентативец одби да се пресели во Торино и остана на „Камп Ноу“ за да докаже дека заслужува поголема улога во тимот.

Но, Ракитиќ сезонава испадна од првиот тим и е свесен дека неговите денови како играч на шпанскиот шампион се одбројани и прифаќа преселеба во Серија А.

Негова најголема желба е да се врати во Севиља но поради економската криза настаната од пандемијата на коронавирусот, неговиот поранешен клуб не е во можност да ги исполни барањата на Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот