Фото: TOFAŞ Spor Kulübü

Рајковиќ со Тофаш го урна големиот Анадолу Ефес

Турскиот суперлигаш Тофаш, предводен од нашиот стратег Емил Рајковиќ, запиша уште една голема победа во националниот шампионат, совладувајќи го Анадолу Ефес со 86–79.

Екипата на Рајковиќ го скрши отпорот на противникот во последната четвртина, која ја доби со убедливи 27–19, по израмнетото прво полувреме што заврши 47–47.

Мексиканецот Алекс-Перез Кауфман беше главната фигура кај домаќините со 18 поени и девет асистенции, додека во составот на тимот на Игор Кокошков се истакна Џордан Лојд со 12 поени.

Ова е петта победа за Тофаш во тековната сезона, додека Анадолу Ефес сега има биланс од шест триумфи и три порази.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот