Рајковиќ со Астана ја освои шампионската титула во Казахстан

Фото: facebook.com/emil.rajkovic

Денеска и во третиот натпревар од финалната серијата триумфираше екипата на Астана совладувајќи го Атирау со убедливи 65:88.

На тој начин екипата предводена од македонскиот тренер Емил Рајковиќ успеа да стигне до титулата во првенството на Казахстан.

Астана успеа да го одбрани трофејот од минатата година, севкупно се закити со деветттата лигашка титула.

Во победничките редови летонскиот интернационалец Ојарс Силинс имаше 19 поени, шест помалку запиша Американецот Џеремаја Хил.

На спротивната страна убедливо најефикасен беше Владимир Иванов со 19 поени, забележувајќи и осум скока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот