Рајан Рејнолдс од продажбата на својот џин донира пари за сите шанкери и келнери кои останале без работа! (ВИДЕО)

Фото: EPA

Познатиот актер Рајан Рејнолдс одлучи да донира 30 отсто од вкупните приходи од продажбата на својот џин „Aviation“, на сите келнери и шанкери кои поради пандемијата од Ковид 19 останаа без работа.

Откако тој и неговата сопруга Блејк Лејвли донираа милион долари во хуманитарни организации кои се грижат за луѓе кои ја загубиле работата поради коронавирусот, Рејнолдс одлучи уште еднаш да покаже емпатија и солидарност.

Тој преку Твитер соопшти дека 30 отсто од продажбата на својот џин ќе им го донира на шанкерите и келнерите кои моментално се без работа.

„Мораме заедно да се бориме за да го совладаме Ковид 19 и да ја подобриме ситуацијата во светот. Мислам дека сите знаеме оти во овие кризни моменти можеме да им веруваме на популарните личности, бидејќи тие помагаат најмногу. Секако, пред нив се здравствените работници, пожарникарите и полицајците“, започна Рејнолдс во свој стил.

Потоа, славниот актер ги повика луѓето во своите домови да одржуваат хигиена и физичка дистанца од други луѓе.

„Заедно ќе се избориме со ова“, порача Рејнолдс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот