Рајан Гигс во исто време бил во врска со дури девет жени

Рајан Гигс/фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, истовремено бил во врска со девет жени, откри денеска на судењето против фудбалерот, Кејт Гревил, која го обвини за напад и тешки телесни повреди во ноември 2020 година.

Гревил пред судот во Манчестер откри дека дознала дека Гигс покрај неа, во исто времел имал врски и со уште осум жени и затоа решила да го напушти.

– Она што го најдов на неговиот Ајпад беше полошо отколку што можев да си замислам.  Имаше афери со осум жени додека беше со мене и тоа беа сериозни врски – рече Гревил Гревил пред судот.

Таа откри дека со Гигс е во врска од 2013 година и дека тогаш и двајцата биле во брак, но дека два месеци подоцна го оставила сопругот поради поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Гигс е обвинет за напад на Кејт Гревил и нанесување телесни повреди во неговиот дом во Манчестер на 1 ноември 2020 година. Тој исто така е обвинет и за напад на нејзината помлада сестра Ема за време на истиот инцидент.

Велшанецот потоа, наводно, ја клоцнал својата поранешна девојка кога таа му рекла дека го напушта, а тој со лакт ја удрил нејзината сестра во вилицата.

Гревил на судењето откри дека тоа не е прв пат Гигс да биде насилен.

– Еднаш полуде во хотелот, ме фати за зглобовите и ме влечеше по подот. Ме исфрли и ми ги фрли работите на улица. Се чувствував понижено и засрамено. Тоа беше прв пат да биде агресивен кон мене. Постојано беше лут и го криеше телефонот – рече Гревил.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед ги отфрли сите обвинувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот