Рајан Гигс повеќе не е селектор на Велс

Рајан Гигс/фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Рајан Гигс вечерва поднесе оставка на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Велс, објави Би-Би-Си.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед ја замрзна селекторската функција во ноември 2020 година, откако беше уапсен поради напад на неговата поранешна девојка.

– По долго размислување донесов одлука да поднесам оставка од функцијата селектор на машката фудбалска репрезентација на Велс и таа одлука стапува во сила веднаш – изјави Гигс.

Неговото место како привремен селектор го зазеде Роберт Пејџ и со репрезентацијата на Велс успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во Катар.

– Беше чест и привилегија да ја водам репрезентацијата, но сосема е правилно што Фудбалската федерација на Велс, стручниот штаб и играчите се подготвуваат за Светското првенство без никакви шпекулации за селекторската позиција – додаде Гигс.

Велс на Мундијалот во Катар ќе игра во групата Б заедно со Англија, САД и Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот