фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Рајан Черки за 35 милиони евра од Олимпик Лион во Манчестер сити

Готово, како што објави новинарот Фабрицио Романо, Манчестер сити ќе го ангажира францускиот фудбалер Рајан Черки од редовите на Олимпик Лион.

Младиот 21-годишен играч за врска во нападот ќе потпише договор на пет години со англискиот гигант.

За овој трансфер Олимпик Лион ќе заработи 35 милиони евра плус бонуси.

Документите се подготвуваат, а медицинските тестови се закажани денеска на време за Черки да може да настапи на Светското клупско првенство.

Исто така, од претходно е најавено дека Манчестер сити ќе промовира уште две нови засилување, Тијани Рејндерс и Рајан Аит-Нури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот