Рафа Бенитез не е повеќе менаџер на Евертон

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Рафа Бенитез доби отказ во Евертон поради серијата лоши резултати оваа сезона. На последните 13 натпревари составот кој беше предводен од шпанскиот менаџер запиша само една победа, па управата на клубот од Ливерпул се одлучи за разделба.

Во досегашниот дел од сезоната Евертон забележа пет победи, четири пати ремизираше и имаше дури 10 порази.

Амбициите на клубот сигурно ќе бидат опстанок во Премиер лигата, се наоѓа на 16 место со 19 бодови, шест повеќе од Норич кој е во опасната зона за испаѓање.

Бенитез во својата тренерска кариера водеше големи екипи како Валенсија, Ливерпул, Интер, Челси, Наполи и Реал Мадрид.

Евертон ќе ја информира јавноста во следниот период за тоа кој ќе биде новиот менаџер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот