Фото: Liverpol FC/X

Рафа Бенитез има нов клуб, стана најплатен тренер во историјата на грчкиот фудбал

Легендарниот тренер, Рафа Бенитез од денес е нов предводник на Панатинаикос.

Медиумите во Грција во изминатите денови го најавуваа неговото пристигнување, а сега тоа е и официјално поврдено.

Бенитез во текот на вчерашниот ден пристигнал во Атина и со Панатинаикос ќе потпише договор на две години.

Во својата кариера, Бенитез со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите и својот ангажман добро ќе го наплати бидејќи со договорот вреден четири милиони евра стана најплатениот тренер во историјата на грчкиот фудбал.

Трофеи Бенитез во минатото успеа да донесе уште во: Интер, Челси, Наполи и Њукасл, а Панатинаикос ќе биде негов вкупно 17 клуб.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот