Радуловиќ и следната сезона ќе го тренира МЗТ Скопје, двајца кошаркари потпишаа нови договори

фото: druga.aba-liga.com

Екипата на МЗТ Скопје започна да го комплетира тимот со кој во идната сезона ќе ја брани двојната круна во домашните натпреварувања како и во АБА2 лигата, а првите чекори ги направи со задржување на  актуелниот кадар.
„Металците“ и во наредната сезона ќе бидат предводени од Дарко Радуловиќ, кој успешно седна на клупата кон средината на март и ја донесе двојната круна. Радуловиќ потпиша нов едногодишен договор. Во екипата најмалку до крајот на следната сезона ќе бидат и Бојан Крстевски и Адем Мекиќ, кои исто така ја продолжија соработка. Потпис на двегодишна соработка со МЗТ Скопје стави и Дамјан Робев (24 год, 195 см), зад кого е одлична сезона во Куманово.

Се очекува преговорите да продолжат и со МВП на финалната серија, Андреј Магдевски кој моментно се наоѓа на заслужен одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот