Радев по изборниот ден: Бугарија излегува од стагнација и автократија, на пат е кон слобода

Румен Радев доби втор мандат како претседател на Бугарија/ Фото: ЕPA-EFE

Сакам да им се заблагодарам на секој од вас што излезе да гласа. Демократијата функционира, благодарение на вас! Им честитам и на Герџиков и на другите кандидати што ги дадоа своите идеи. Од се срце им благодарам на сите што гласаа за нашата кандидатура. Благодарност до централата и нашиот иницијативен комитет, како и до партиите кои не поддржаа. Заврши невиден политички месец од два вида избори, кој ја истакна желбата на народот за промени, ова беа првите зборови на Румен Радев за изборниот резултат.

– И покрај пропагандата, лажните вести и изведените скандали кои се обидоа да ги спречат луѓето да гласаат, луѓето излегоа и гласаа, додаде тој.

Разумот и патриотизмот надвладеа над апатијата и лагите, рече Радев.

– Ова е победа на нашата меѓусебна доверба, на нашата обединета верба во правото и правдата, дека заедно можеме да успееме, имаме повеќе напори пред нас, но Бугарија излегува од стагнација и автократија, таа е на пат кон слободата.

Радев предупреди дека новото Народно собрание, избрано на трети избори во една година, нема право на грешки и мора да предложи влада која ќе ја води државата.

– Новиот парламент нема право на грешки, бидејќи луѓето нема да простат, рече Радев во официјалната изјава по објавувањето на првите резултати од изборите за претседател.

Според Радев, очекувањата на општеството се да се види чисто мнозинство кое треба да преземе мерки за промени во судството, да се спречи социо-економска криза во зима, да се носат одложени одлуки. Според него, борбата против пандемијата останува приоритет.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот