Радев е блиску до можноста сам да прави Влада, покажуваат последните резултати во Бугарија
„Прогресивна Бугарија“ на убедливо води со 45,3 отсто според методот на „паралелно пребројување” кој се смета за попрецизен од излезните анкети кои му даваа помалку гласови и мандати на Радев. ПП-ДБ е на второто место со 12,2 отсто пред ГЕРБ-СДС со 12,1 отсто, објави Бгнес.
Препорачано
Проекциите за распределбата на мандатите, врз основа на „паралелното пребројување” од агенцијата „Мјара“, покажуваат дека „Прогресивна Бугарија“ би имала 135 пратеници во 240-члениот парламент. За разлика од излезните анкети, според „паралелното пребројување”, БСП не влегува во парламентот.
Паралелното пребројување на 95 отсто од гласовите, објавено од агенцијата „Мјара“, го потврдува пресвртот во односите меѓу водечките партии по денешните парламентарни избори во Бугарија, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ).
Според овие податоци, „Прогресивна Бугарија“ убедливо води со 45,3 отсто од пребројаните гласови. ПП-ДБ е на второто место со 12,2 отсто, веднаш пред ГЕРБ-СДФ со 12,1 отсто.
ДПС освојува 7 отсто, додека Преродба е малку над изборниот праг со 4,2 отсто.
Проекциите за распределбата на мандатите, врз основа на податоците од „Мјара“, покажуваат дека „Прогресивна Бугарија“ би имала 135 пратеници во 240-члениот парламент, што би значело дека може самостојно да ја формира владата.


