Радев: Бугарија прави сѐ што е можно за да се откријат причините за трагедијата на автопатот „Струма”

Румен Радев/ Фото: МИА

Искажувам најискрено сочувство до блиските на загинатите во несреќата на автопатот „Струма” и во домот за стари лица во селото Ројак во североисточна Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев, јави дописникот на МИА во Софија.

-Заедно сме со нашите браќа од Република Северна Македонија, заедно тагуваме со нив за трагедијата. Бугарската држава прави се што е неопходно за лекување и за откривање на причините за тие два тешки инциденти, изјави бугарскиот претседател Радев.

Тој изрази надеж дека повредените во несреќата ќе закрепнат што е можно побрзо. Според Радев, има многу дејствија за идентификација на загинатите, по нивното пренесување.

И европратениците од Бугарија денеска изразија сочувство за жртвите и нивните блиски на страотната автобуска несреќа преку минута молк во Европскиот Парламент, јави дописничката на МИА од Брисел. Пратениците оваа недела заседаваат во Стразбур.

Бугарските пратеници од сите политички партии ја започнале седницата на бугарската делегација со една минута молк, соопштија тие за МИА.

Во соопштението тие изразуваат сочувство за автобуската несреќа која однесе 46 животи, од кои 12 деца. Минутата молк е одржана и за деветте жртви на пожар во старски дом кој исто така се случи ноќеска и во кој загинаа девет лица.

-Пратениците изразуваат искрено сочувство до семејствата и блиските на граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија и им посакуваат брзо закрепнување на повредените жртви, стои во соопштението на бугарските европратеници.

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот