ФОТО | Раде Шербеџија со неговата сопруга прославија 30 години брак: Сè уште се држиме за раце

Раде шербеџија
Фото: Инстаграм

Раде Шербеџија и Ленка Удовички прославија 30 години брак, а по тој повод актерот и музичар објави емотивна порака на својата официјална страница на „Фејсбук“.

30-годишнина од венчавката моја и на Ленка… Се венчавме во Белград на 29 јуни 1991 година… Менувавме градови и земји. Имаме три деца. Направивме сопствен театар на најубавиот остров на Јадранското Море. Имаме прекрасно семејство. Имаме и доволно вистински пријатели. И ние сè уште се држиме цврсто за рака…, стои во објавата на Шербеџија.

Заедно со пораката, Шербеџија ја сподели и песната „Филипа Кjајиша 32“, која е посветена на неговата сопруга Ленка, и е именувана по улицата каде што живеела кога се запознале.


Шербеџија е 20 години постар од неговата сопруга. Уште кога се запознале во Суботица во 1990 година, тие едноставно знаеле дека се создадени еден за други. Парот се венчал кога актерот имал 43 години, а Ленка 23. Раде и Ленка Шербеџија во бракот имаат три ќерки – Милица Алма, Нина и Вања. Од првиот брак, Раде ги има ќерката Луција и синот Данило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот