4 C
Скопје

Раде Шербеџија потпишал брачен договор со сопругата! Тој има право само на една работа

Актерот Раде Шербеџија (74) и неговата сопруга Ленка Удовички (53), по скоро три децении брак, склучиле брачен договор за нивниот имот.

Раде и Ленка се венчаа во 1991 година, а на 28 октомври 2017 година, според списоците за сопственост на недвижнини што ги поседуваат во Хрватска, тие потпишале брачен договор, пренесува „Imperial“.

 

Instagram

 

Ленка била регистрирана како сопственик на четирисобен стан во центарот на Риека со површина од 138,98 метри квадратни, како и на куќа во Истра. Со брачниот договор, Ленка ги добила недвижностите, додека Раде, имал право да ги користи додека е жив.

„Imperial“ пишува дека на станот во Риека од 28 август 2011 година е ставен под хипотека во износ од 180.000 евра регистрирана во корист на „Zagrebačka banka“, како и дека на истиот кредит била регистрирана и споредна хипотека на викендица со земјиште, кој Раде го регистрирал на 28 октомври 2010 година.

Прочитајте и...  Виц на денот: Спор

 

Instagram

 

Станува збор за имот со вкупна големина од 1947 метри, а тој имот бил регистриран како социјална сопственост од компанија за трговија, угостителсво и производство во „Puljanka“.

Шербеџија не ја укнижил лесно таа недвижност затоа што имало и предлог од Општинскиот државен суд во Пула, за регистрација на сопственоста на недвижноста.

 

Instagram

 

Во септември 2018 година, сопружниците се жалеле за одлуката за ставање на објектот под превентивна заштита, односно за одлуката од 2003 година. Само еден месец по нивната жалба, претходната била поништена и било издадено ново решение од Дирекцијата за заштита на културното наследство, Одделонт за конзервација на Пула.

 

Instagram

 

Раде и Ленка имаат три ќерки, Милица Алма, Нина и Вања. Тие одлучиле да склучат брачен договор наводно да ги изклучат децата од првиот брак на Шербеџија од правото на наследство. Раде од неговиот прв брак има две деца, Луција и Данило Шербеџија.

Прочитајте и...  Тамара Тодевска сподели емотивна фотографија во сеќавање на својот добар пријател Влатко

Поврзани вести

Виц на денот: Спор

Слободен печат

ФОТО| Кејт Мос ќе ја краси насловната на јануарскиот „Вог“: Кралицата на стилот никогаш не изгледала подобро!

Слободен печат

Четири хороскопски знаци во кои се кријат вистинските пријатели за цел живот

Слободен печат

ВИДЕО: Спејко сними спот, во главна улога мисицата Анѓела Јакимовска!

Васко Спасовски

ВИДЕО| Ќе ве боли стомакот од смеење: Започнува новата сезона на „Преспав“, се врати Миле!

Васко Спасовски

На бизнисменот Метју Молдинг најважни му се вработените: Им дал подарок вреден 23,5 милиони евра

Слободен печат

Остави Коментар