Работнички со прва победа во зимскиот подготвителен период

Фото: fkrabotnicki.com

На вториот тест „романтичарите“ славеа против второлигашот Тетекс со резултат 2:0..Стрелец на головите за Работнички беше Фахрудин Ѓурѓевиќ во второто полувреме од дуелот.

Тој успеа да погоди во 72. минута и го отвори резултатот, а потоа и го потврди триумфот со вториот гол во 85. минута од натпреварот. Тренерот Александар Влахо и на овој контролен меч ја подели минутажата на сите фудбалери.

Работнички на 26 јануари патува на подготовки во Охрид каде ќе продолжи со пријателските натпревари. Следната контролка ќе ја имаат против Ренова на 27 јануари.

Пријателски натпревар
РАБОТНИЧКИ – ТЕТЕКС 2:0 (0:0)

Игралиште на Алумина. Стрелец: Ѓурѓевиќ 72′, 85′ (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Кировски, Ѓорѓевиќ, Максимов, Јевтовски, Јонуз, Лазаров, Стојкоски, Ристовски, М. Станковски. Уште играа: Мустафа, Пецов, Мисердовски, Грозданоски, Зеќири, Зука, Ангелов, Тодоровски, Петковски, Ѓурѓевиќ, Петровиќ.

ТЕТЕКС: Митев, Б. Пановски, Ибраими, Николовски, Јордановски, Христовски, Бајрами, Чилафи, Михајловски, Салиу, Дервиши. Уште играа: Тимовски, Ислами, Стојановски, Здравковски, Ангеловски, Јовановски, Алексов, Митревски, Иванов, Ајдини, А. Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот