Работнички против МЗТ Скопје Аеродром за финале во Купот

фото: kfsm.mk

Уште две екипи обезбедија пласман во полуфиналето на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ кој се организира во Битола, тие се Еуро Никел и Работнички.

Еуро Никел го елиминираше Чаир 2030 со резултат 87:79 најмногу благодарение на МекИвен кој постигна 28 поени и имаше девет скокови.

На спротивната страна Роби запиша 20 поени (осум скокови), додека Мустафица имаше „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 10 скокови.

Противник на Еуро Никел во полуфиналето ќе биде подобриот од пресметката Пелистер – Феникс 2010.

Работнички со 75:68 славеше против ТФТ, најефикасен во победничките редови беше Рикиќ со 23 поени (девет скокови). Кај поразениот се истакна Верц постигна 13 поени.

Противник на тимот од Градски парк во полуфиналната фаза ќе биде МЗТ Скопје Аеродром кој претходно оствари победа над Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот