МЗТ Скопје Аеродром е првиот полуфиналист во Купот

фото: kfsm.mk

Во првиот четвртфинален натпревар од кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ кој се организира во Битола денеска екипата на МЗТ Скопје Аеродром триумфираше над Гостивар со 91:76.

Иако не почна како стартер, Крстевски брзо влезе во поентерска серија, за прво, какво-такво резултатско одвојување, односно МЗТ Скопје да поведе со 37:33 во 13 минута. Но, Гостивар имаше неколку расположени кошаркари во Вилијамс и Инграм кои искомбинираа 23 поени за краток временски интервал.

По тајм-аутот на Гостивар, „се вклучи“ и Робев, кој погоди две тројки за уште повисоки 43:35 во корист на фаворитот. Погоди уште две репрезентативниот бек, за МЗТ Скопје има и двоцифрени 48:38. А со помош на Делалиќ составот на МЗТ дојде до уште поголеми 54:40 на полувремето.

На средина од третата четвртина, екипата од Аеродром достигна предност и од 25 поени (70:45), и тука некаде и дефинитивно го скрши отпорот на гостиварци, каде евидентно, недостасуваа и други играчи кои може да го следат поентерскиот ефеткт на Инграм и Вилијамс. По 30 минути игра, МЗТ имаше нешто пониски (74:56).

Делалиќ реализираше 22 поени, Робев додаде 13, исто колку и Ворку односно Танасковиќ. Вилијамс беше првиот стрелец на Гостивар со 23 поени, Инграм имаше 20, а до двоен број на поени дојдоа и Џонс (14) и младиот Коскоски – 12.

МЗТ кој го брани трофејот во полуфиналната фаза ќе игра против подобриот од дуелот Работнички – ТФТ Моцарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот