Работната клима во Германија се подобрува трет месец по ред

Аналитичарите предвидуваа поскромен раст, на околу 89,3 бодови. Вредностите под 100 бодови покажуваат негативни изгледи.

Во Германија трет месец со ред се забележува подобрување на работната клима имајќи предвид дека најголемата европска економија со големи чекори се придвижи во насока на опоравување. Овие резултати ги предочи извештајот кој е објавен денеска од страна на германскиот институт „Ифо“.

Индексот на работната клима кој го изработува овој институт за економски истражувања се темели на анкети врз приближно 9.000 германски компании, а во јули во однос на претходниот месец забележан е раст од 4,2 бодови, и сега тој изнесува 90,5 бода.

Аналитичарите предвидуваа поскромен раст, на околу 89,3 бодови. Вредностите под 100 бодови покажуваат негативни изгледи.

Податоците за јули покажуваат дека индексот на работната клима во најголемата економија во Европа расте трет месец со ред, откако во април падна на најниско ниво од 74,3 бодови од почетокот на анализирањето на овие податоци.

– Компаниите беа значително задоволни со својата моментална работна ситуација. Исто така се внимателно оптимистички расположени во поглед на престојните месеци, истакнува претседателот на институтот, Клеменс Фуест.

Според него германската економија се опоравува чекор по чекор.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот