ПЗУ Жан Митрев: Фабрикуваните информации на ИРЛ ја дискредитираат Клиниката

Жан Митрев Клиника

По објавата на документарниот филм насловен како „Нечиста крв“ на новинарската организација ИРЛ во кој има шокантни сведочења за работата на Клиничката болница Жан Митрев, во соопштение до јавноста, преставниците на болницата за „Слободен печат“ реагираат за објавеното истражување на ИРЛ во јавноста бидејќи според менаџментот деновиве на социјалните медиуми се објавени невистини и наведувачки информации поврзани со работата на Клиничката болница Жан Митрев.

– Клиничката болница Жан Митрев успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во безброј успешни случаи. Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската панедмија предизвикана од страна на вирусот Ковид 19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број на човечки животи – велат од клиниката Жан Митрев.

Од таму додааваат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза, употребуван кон нивната институција, како и од неточните наоди, односно од фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на клиниката.

ФОТО: Соопштение до јавноста од Жан Митрев

Според ПЗУ Жан Митрев во предиодот што следи здравствената установаќе ги искористи сите правни можности согласно законите, а со цел да се спречат овие и сите следни вакви и слични неосновани напади на институцијата.

Документарецот „Нечиста крв“ на ИРЛ со шокантни тврдења за клиниката Жан Митрев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот