Путин: Внимателно ја следам ситуацијата во Иран
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот му рече на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во Иран и дека сака да разговара за тоа со него за време на разговорите во Кремљ, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Путин ова го изјави на почетокот на средбата со претседателот на ОАЕ, чија земја неодамна беше домаќин на мировни разговори меѓу Русија и Украина.
Претходно во текот на денот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека можноста за разговори меѓу САД и Иран сè уште не е исцрпена и дека секоја употреба на сила против Техеран би можела да создаде „хаос“ во регионот и да доведе до опасни последици.
Песков ја даде изјавата еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп го повика Иран да седне на преговарачка маса и да постигне договор за нуклеарното оружје, во спротивно да се соочи со можен американски напад.
Од соперник до пријател? Путин во прегратка на „варваринот“ кого некогаш сакаше да го уништи


