Путин му додели руско државјанство на Едвард Сноуден

Фото: Принтскрин/Јутјуб PowerfulJRE

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му одобрил руско државјанство на „свиркачот“ Едвард Сноуден, јавија руските државни медиуми.

Поранешниот консултант на американската разузнувачка служба од 2013 година живее во Русија, каде побара азил. Руските власти пред две години му дадоа постојана дозвола за престој на Сноуден, кого Америка го бара за да одговара за велепредавство.

На самиот почеток на наговиот азилантски период, тој помина повеќе од еден месец во транзитната зона на московскиот меѓународен аеродром „Шереметјево“.

Декретот на Путин е објавен денеска. Претходно, САД го прогласи американскиот пасош на Сноуден за неважечки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот