Путин го награди полицаецот кој го спречи напаѓачот на Универзитетот во Перм

Владимир Путин го награди рускиот полицаец кој го спречи напаѓачот на Универзитетот во Перм/ Фото : MINISTRY OF INTERNAL AFFAIRS OF THE RUSSIAN FEDERATION / TANJUG/AP

Рускиот претседател Владимир Путин го награди полицаецот Константин Калинин со Орден за храброст, откако тој го спречи студентот кој изврши вооружен напад на Државниот универзитет во Перм пред да направи уште поголема штета, објави Кремљ, пренесува ТАС.

„Младиот полициски поручник Константин Калинин беше награден поради својата храброст, цврстина и посветеност прикажана за време на должност“, се наведува во указот потпишан од Путин.

Студентите и семејствата на загинатите во нападот на Универзитетот во Перм поставија цвеќиња во нивна чест/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Во документот се посочува дека, покрај Калинин, награден е и високиот полициски поручник Владимир Макаров за извонредна услуга во полициското работење во заедницата.

Напаѓачот бил уапсен откако вчера уби шест лица. Во престрелката беа повредени вкупно 43 лица, меѓу кои и напаѓачот. Членовите на полицијата Калинин и Макаров први пристигнале на местото на нападот.

Министерството за внатрешни работи на Русија објави дека Макаров помогнал при евакуација на студентите, додека Калинин влегол во зградата на универзитетот и го сопрел напаѓачот.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Пукотница на руски Универзитет, најмалку тројца загинати, четворица повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот