Пукотници во Чикаго: Една жена е убиена, најмалку 13 лица се ранети

Полициско возило / Фото: Слободен печат, архива

Во две одделни пукотници во Чикаго во неделата навечер едно лице е убиено, а најмалку 13 се повредени, соопшти локалната полиција, пренесува АП.

Една жена е убиена, а четворица мажи и тинејџер се ранети при пукање од автомобил. Повредените се во стабилна состојба.

Отприлика два часа подоцна, имало ново пукање, овој пат во парк, каде се ранети 8 лица.
Во близина на нападот дошло до судар во кој две лица се повредени, а засега не се знае дали нападите се поврзани.

Мотивите за нападите сеуште не се познати, а засега никој не е уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот