Пукал во соселани кои се враќале од погреб, еден полесно повреден

Илустрација/Архива на Слободен печат

Едно лице е полесно повредено во инцидент што вчера околу пладне се случил во гостиварското село Ѓурѓевиште. Помлад жител на селото со пиштол пукал во група луѓе кои се враќале од погреб. Полицијата трага по него и засега не се знаат мотивите кои го предизвикале инцидентот.

Од СВР Тетово информираат дека вчера (2 септември во12 часот и 20 минути) било пријавен настан. Според причините податоци С.И.(23) од Ѓурѓевиште, од возило во движење пукал од пиштол повеќе пати кон луѓе кои се враќале од погреб. Полесна телесна повреда здобил Ф.М.(46) од истото село, на кој му е укажана помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад”.

Екипа на ОВР Гостивар извршила увид, а на местото на настанот се пронајдени и подигнати за вештачење две чаури и еден проектил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално, на оружениот инцидент му претходеле нерасчистени односи помеѓу осомничениот за пукање и дел од луѓето кои биле во групата. С.И. по настанот побегнал и по него се трага.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот