ПУБЛИКАТА И СЕ ПОТСМЕВАШЕ, А ПОТОА ЗАНЕМЕ – Сузан Бојл денес е милионерка и нема да можете да ја препознаете (ФОТО)

принтскрин/јутјуб

Шкотската пејачка Сузан Бојл пред десетина години се појави во светски познатото музичко шоу „Јас имам талент“ и со својот глас го воодушеви целиот свет!

Сузан со својата прва појава предизвика потсмев кај публиката, а кога започна да пее, нејзината слава порасна моментално.

профимедиа

„Живеам сама со мачката Пебелс. Никогаш не се мажев. Никогаш не сум ни бакнала некого“, призна тогаш Сузан.

Таа наскоро ќе полни 59 години, а сега изгледа целосно непрепознатливо. Има поинаква фризура, стајлинг, а во однос на самиот почеток на кариерата, има и далеку поисполнет приватен живот.

„Пред шоуто „Јас имам талент“ луѓето ме гледаа како некој кој е обичен. Продадов повеќе од 20 милиони плочи. Се чувствувам како шампион за сите оние кои немаат самодоверба да направат некои работи, за оние кои ги игнорираат луѓето… За сите нив се чувствувам како шампион“, изјави Сузан Бојл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот