ПСЖ експресно пронајде замена за Рабио

Екипата на ПСЖ ексресно пронајде замена за Адриен Рабио кој вчера беше презентиран како нов член на Јувентус. Нов член на францускиот шампион е Пабло Сарабија кој е донесен од Севиља за сума од 18 милиони евра.

Сарабија минатата сезона ја одигра во фантастична форма, постигна 23 голови и имаше дури 16 асистенции во сите натпреварувања.

Освен ПСЖ, голем интерес за неговите услуги пројавија уште и Челси кој има забрана за трансфери но се надеваше дека ќе го договори за наредната година, и екипата на Рома. Но најконкретна понуда достави ПСЖ кој веднаш најде заеднички јазик и со шпанскиот клуб и со фудбалерот кој потпиша петгодишен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот