15 C
Скопје

ПСЖ е лош губитник, играчите го обвинија судијата дека ги навредувал

Фудбалерите на ПСЖ делуваа немоќно на реваншот во ЛШ против Манчестер сити, а тоа внесе голема нервоза во нивните редови. Тие загубија со 2:0 во реваншот, но вината наместо да ја бараат кај себе, тие изнесоа тешки обвинувања на сметка на главниот судија Бјорн Кујперс.
– Судијата два пати ми рече е*и се. Тоа е провокација, не му возвратив бидејќи ќе добие суспензија од 10 натпревари. Но, елиминирани сме заслужено, не ни е виновен судијата – изјави Марко Верати.
Обвинувања на сметка на Кујперс дојдоа и од Андер Ерера.
– Судијата го опцу Паредес. Доколку ние така се однесувавме ќе бевме жестоко казнети – изјави Ерера.

Поврзани вести

Тухел: Заслуживме да победиме и да играме во финалето

Слободен печат

По осми пат екипи од иста држава ќе играат во финалето на ЛШ

Слободен печат

ВИДЕО: Англиско финале во ЛШ, Челси си закажа дуел за трофејот со Манчестер сити

Слободен печат

Финалето во ЛШ ќе се игра пред 25.000 гледачи?

Слободен печат

УЕФА подготвува казни за одметниците:  Две години без ЛШ за екипите кои нема да ја напуштат Суперлигата

Слободен печат

Солскјер ја смирува тензијата: Сопствениците лично ми се извинија

Слободен печат

Остави Коментар