ПСЖ бара помош од држвата за плати за вработените, а на Покетино му дава осум милиони евра годишно

фото: твитер/Transfer News Live

Двојни аршини на францускиот шампион.

Тимот на ПСЖ кој е во сопственост на катарското кралско семејство и кој е познат по тоа што не штеди кога станува збор за трансферите и големите плати на фудбалерите, побара финансиска помош од француската држава.

ПСЖ благодарение на финансиската помош од државата, плаќа 400 од вкупно 700 вработени лица кои се наоѓаат на платниот список на тимот и тоа се портири, продавачи на билети, лица задолжени за маркетингот, адвокати, сметководители. Од помошта е изземен спортскиот сектор каде се фудбалерите и управата на тимот.

Во клубот се правдаат дека пандемијата на коронавирусот ги натерала да побараат помош од француската влада, но медиумите ги обвинија за двојни аршини.

Имено, во време кога бараат помош од државата, „Лекип“ пишува дека управата на ПСЖ планира да му исплати осум милиони евра на тренерот Маурицио Покетино во неговата трета сезона доколку остане на клупата до 2023 година.

Оваа сезона, месечната плата на Покетино изнесува 525.000 евра, а со даноците и придонесите вкупната сума е околу 940.000 евра. Доколку остане идната сезона на клупата на ПСЖ, Аргентинецот ќе добива поголема плата, 625.000 евра месечно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот