Психоанализа за почетници: Решете го овој ТЕСТ и ќе откриете многу за вашата потсвест

Решете го овој тест, но задолжително мора да бидете искрени. Земете лист и пенкало пред да продолжите да читате. 

На прашањата одговарајте редоследно, не читајте ги однапред!

Замислете си ги ситуациите кои се опишани и запишете го првото на што ќе помислите. Не размислувајте премногу, препуштете се на фантазијата.

1. Шетате со некој низ шумата. Со кого шетате?

2. Шетајќи, здогледувате животно. Кое животно го видовте?

3. Што се случува меѓу вас и животното кое го видовте?

4. Сега сте веќе длабоко во шумата и гледате една куќа. Тоа е вашата куќа од соништата. Колку е голема?

5. Дали има ограда?

6. Влегувате во куќата и гледате трпезарски маса. Што има на масата и околу неа?

7. Додека излегувате од куќата низ вратата на задниот дел од куќата, гледате чаша на земјата. Од што е направена таа чаша?

8. Што ќе направите со таа чаша?

9. На крајот на имотот што ја опкружува куќата, се наоѓа некоја водена површина. Што е тоа? (река, езеро, …)

10. Како ја поминувате?

Ако ги запишавте вашите одговори, прочитајте што тие значат:

1. Личноста со која шетате низ шумата, е личност која ви е најважна во животот.

2. Големината на животното претставува колку големи ги сметате вашите проблеми.

3. Интеракцијата со животното покажува како им пристапувате на вашите проблеми – пасивно или агресивно.

4. Големината на куќата ја претставува големината на вашите амбиции.

5. Ако нема ограда, тоа значи дека сте многу отворена личност. Ако типот на оградата е со многу отвори, внимателни сте, но им дозволувате на луѓето да влезат во вашиот живот. Ако е во прашање цврста ограда без отвори, прилично сте затворена личност.

6. Ако нема храна, цвеќе или луѓе околу масата, веројатно моментно сте несреќни во животот.

7. Трајноста на материјалот од кој е направена чашата претставува како вие ја доживувате трајноста на вашата врска.

8. Што правите со таа чаша ги претставува вашите чувства кон личноста од првото прашање (личноста со која шетате во шумата).

9. Големината на водата покажува колку се големи вашите сексуални потреби.

10. Колку ќе се намокрите додека ја преминувате водата зборува колку е важен сексот во вашиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот