Психијатар од 8 Септември се тестирал за Ковид 19 на приватно: Резултатот позитивен, земен брис и на државно

Докторка, специјалист по психијатрија во болницата 8 Септември се тестирала на приватно за коронавирус и резултатот е позитивен по што ќе и биде земен уште еден брис на државно за да се потврди резултатот.

Оваа информација за Слободен печат ја потврди и директорот на болницата доктор Кристијан Костов. Тој рече дека вработената нема симптоми.

Од наши извори на клиниката, дознаваме дека епидемиолози веќе контактирале дел од вработените за да ги известат дека ќе им биде земен брис во домашни услови. Медицинскиот персонал во 8 Септември, кој е ковид центар, ротира на секои две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот