Првото женско списание објавено во Македонија е во фокус на дигиталната изложба „Жените во ретката периодика“

Покана за настанот во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

По повод празникот 8 Март, во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на 8 март, во 11 часот, ексклузивно ќе биде прикажана дигиталната изложба „Жените во ретката периодика“. Авторки на изложбата се д-р Марина Мијаковска и Милица Ивановска.

– Весникот „Македонка“ – Орган на Aнтифашистичкиот фронт на жените од Македонија е важен наслов од фондот на Збирката за ретка периодика. Тоа е првото женско списание објавено во Македонија. Овој периодичен наслов има големо културолошко, историско, книжевно и библиотечно значење за Македонија и Европа. Тоа е историски сведок за отпорот на македонските жени кон фашизмот и нивната борба за еманципација и стекнување на еднакви права. Овој наслов е особено релевантен за женското пишување во историјата, културата и историјата на жените, активизмот во политиката итн.

Весникот излегувал од 1944 до 1952 година во осумгодишна временска рамка и вкупно 83 броеви. Потоа трипати го менуваше насловот во „Просветена жена“, „Жена“ и „Жена нова“ – објаснуваат од НУБ „Св. Климент Охридски“.

Настанот ќе биде заокружен со поетско читање на неколку истакнати македонски писателки: Љерка Тот Наумова, Мирјана Тренчева, Билјана Станковска и Марина Мијаковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот