Прволигашките клубови до Антиќ: Решете го проблемот до среда или одете си!

фото: КФСМ

Или нека го организираат првенството или нека ја напуштат македонската кошаркарска федерација (КФСМ), побараа од Здружението на прволигашките клубови.

Во продолжение целото соопштение на Здружението на прволигашките клубови во кое се бара решение најдоцна до среда околу стартот на новата натпреварувачка сезона.

– Клубовите од кошаркарската Прва лига се максимално разочарани и пред сѐ револтирани што иако веќе се ближи крајот на октомври, првенството сѐ уште не е почнато, поради што штета трпиме сите. Не можеме да сфатиме како во цела Европа може да се игра кошарка, некаде дури и со публика, а во Македонија може да се игра фудбал, ракомет, одбојка, додека само кошаркарските тимови сѐ уште мора да седат со празни раце.

Овој податок треба да биде срамен за челните луѓе на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), бидејќи тие излегуваат далеку понеспособни во однос на своите колеги од останатите федерации. Тие, без разлика на начинот, успеале се изборат за адекватен третман во ова време на пандемија, со правилни протоколи кои навреме се испратени и усвоени, додека вие, господа од Куќата на кошарката, не направивте апсолутно ништо. Бидејќи ако го сработевте тоа за што сте избрани и платени, ние сега ќе зборувавме за натпреварите и случувањата на теренот, наместо да се бориме за гола егзистенција.

Асоцијацијата на кошаркари: Сакате да се вратиме на терен за 25% плата?

Клубовите се најголеми губитници во оваа ситуација, а веднаш потоа и кошаркарите, кои ако нема првенство би можеле да останат без својата егзистенција. А, токму нивната заштита треба да биде приоритет за КФМ, но конкретна и адекватна на ситуацијата, а не само со зборови, кои им немаат вредност.

Поради сето ова, од Перо Антиќ, како прв човек на македонската кошарка и од неговите најблиски соработници, бараме најдоцна до среда да излезат со конкретно решение за тоа кога би почнало првенството во Првата лига и на кој начин – нормално или турнирски.

Асоцијацијата на кошаркари бара да започне првенството

Во спротивно, само ќе ја потврдат својата неспособност, поради што ќе побараме од нив да си поднесат оставки и да остават простор на нивно место да дојдат поспособни кошаркарски работници.

Работата е „нож до коска“. Време за чекање нема. Сите сакаме да има кошарка. И ние клубовите, самите кошаркари и спортската јавност. Господине Антиќ, вие сте на потег. Решете го проблемот до среда или – одете си од КФМ! – се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот