Скарлет Јохансон - Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Прва улога во овој жанр: Скарлет Јохансон ќе глуми во новиот филм од култната хорор франшиза „Егзорцист“

Првиот, „изворен“ филм „Егзорцист“ („Истерувач на ѓаволи“), снимен во 1973 година, беше  комерцијален хит со глобална заработка од 441 милион долари и 10 номинации за Оскар, а беше еден од задолжителните филмови кои мораа да го погледнат љубителите на хорор жанрот. Под режиска палка на Вилијам Фридкин, филмот ја следи мајката (Елен Барстин) која ангажира двајца католички свештеници да изведат егзорцизам врз нејзината 12-годишна ќерка (Линда Блер), опседната од демон, пренесува „Верајтеи“.

Сега е објавено дека ќе се снима нов филм кој ќе раскаже сосема нова приказна сместена во универзумот на „Егзорцист“, и кој не е продолжение на филмот „Егзорцист: Верник“ од 2023 година, во кој глумеше Лесли Одом Џуниор. Главната улога во новиот филм ќе ја има Скарлет Јохансон, што ќе биде нејзина прва улога во хорор жанрот,

Признатиот режисер на хорор филмови Мајк Фланаган зад филмовите „Проклетството на куќата Хил“ и „Полнќна миса“ — ќе го режира новиот филм, а снимањето ќе се одвива во Њујорк.

„Скарлет е брилијантна актерка чии маестрални изведби секогаш делуваат приземјено и реално, од жанровски филмови до блокбастери и не би можел да бидам посреќен што ќе биде дел од ’Егзорцист‘“, изјави Мајк Фланаган.

Не е изненадување што Универзал сака повторно да соработува со Скарлет Јохансон, која неодамна за студиото го предводеше филмот „Светот Јура: Преродба“. Филмот заработи над 850 милиони долари на глобалните кино-благајни, станувајќи еден од филмовите со најголема заработка годинава.

Инаку, Скарлет е една од најбараните ѕвезди денес, балансирајќи меѓу престижни проекти и блокбастери, а нејзините филмови заработиле над 15,4 милијарди долари ширум светот, што ја прави актерка со најголема заработка на сите времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот