Прва пријавена жртва на земјотресот во Хрватска: Загина 12 годишно девојче во Петриња

Фото: Tanjug/Hina

Дете загина во силниот земјотрес кој денеска ја погоди Хрватска, јави „Јутарњи лист”. Весникот наведува дека мајката, чие дете загина во Петриња по пад, најверојатно, на греда е во шок и во моментот и се укажува медицинска помош.

Првичните извештаи укажуваат дека има повредени и оти материјалната штета е голема. Фотографиите што стигнуваат од Петриња се драматични и со голем број на урнатини по денешниот земјотрес.

Во центарот на Петриња, кој денеска го погоди силен земјотрес, се урнаа речиси сите куќи, пренесува „Јутарњи лист“.

ВИДЕО I Силен земјотрес во Хрватска: Многу урнати куќи во Петриња

Во својата прва изјава по земјотрес што со јачина од 6,3 степени ја погоди Петриња околу 12:20 часот, градоначалникот Даринко Думбовиќ рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена до Петриња.

Во градот е најавено пристигнување на армиски контингент од 300 војници. Кон Петриња се упати и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Локалните власти бараат граѓаните да ги користат своите лични возила само во итни случаи.

Земјотресот, бил со интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала со епицентар во близина на Петриња, 45 км. југозападно од Загреб.

Жителите на Загреб, исплашени и вознемирени, излегоа од своите домови на улица. Во голем дел од градот нема струја.

Подоцна биле регистирани уште два големи потреса по четири степени по Рихтер. Тоа е втор силен земјотрес што го погоди Загреб во оваа година, првиот се случи на 22 март. Земјотресот беше почувствуван и во Србија и во Босна и Херцеговина, се тресеше во Белград и Бања Лука, Сараево, Краина и Зеница.

Градоначалникот на Петриња: Ни треба помош, општа паника е, слушнав дека се урнала и градинка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот