Градоначалникот на Петриња: Ни треба помош, општа паника е, слушнав дека се урнала и градинка

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ во изјава за Н1 по силниот земјотрес што попладнево ја погоди Хрватска со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала рече дека има голем број на урнати објекти во градот и побара итно да биде испратена помош.

ВИДЕО I Силен земјотрес во Хрватска: Многу урнати куќи во Петриња

– Извлекуваме луѓе од автомобили, во овој момент не знаеме дали имаме жртви и повредени. Слушнав дека се урнала и градинка, но за среќа немало деца во објектот, додека од друга децата, за среќа, успеале да се спасат, изјави Думбовиќ.

– Општа паника е. Луѓето ги бараат своите блиски, додаде Думбовиќ и упати повик до сите кои можат да заминат во Петриња и да му помогнат на локалната власт и население, особено ова се однесува на поќарникарите и на армијата.

Во изјава за Н1, Думбовиќ нагласи дека остварил телефонски контакт и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој му потврдил дека тргнува кон Петриња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот