ВИДЕО I Силен земјотрес во Хрватска: Многу урнати куќи во Петриња

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала попладнево ја погоди Хрватска. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентар на потресот што се случи во 12.20 часот, е подрачјето на Петриња на длабочина од 10 километри, меѓутоа се почувствувал во целата земја, но и во соседните.

Хрватските медиуми јавуваат и за голем број на урнати куќи во Петриња.

– Успеавме да извлечеме едно дете кое беше во автомобилот. Сè се урна. Сопственикот е тука, но не се јавува, вели едно момче за Н1, пренесува порталот index.hr.

– Тешко е. Слушнав како се урива и градинката, за среќа нема деца. Не знам дали има настрадани, вели друго момче.

Полицијата упати апел до граѓаните да излезат на сигурно.

– Ги повикуваме граѓаните да излезат на отворено, доколку се во можност, и да се оддалечат од објекти кои се под закана од уривање. Лицата на повисоките катови нека ги побараат и следат носечките ѕидови, објави хрватската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот