Прва победа за јуниорите на Европското првенство дивизија „Б“ во Португалија

фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарска јуниорска репрезентација денеска убедливо триумфираше со 100:80 против Норвешка на Европското првенство дивизија „Б“ во Матошинос, Португалија.

Но, оваа победа не е доволна за нашите кошаркари за пласман во четвртфиналната фаза на шампионатот.

Еден од најмладите во нашиот јуниорски ростер, Никола Јаничиќ, ја заврши оваа средба со 24 поени (плус пет скока и три асистенции).

Андреј Шошкиќ дојде до 15 поени, 13 асистенции и седум скока, Иванов запиша 13, Луканоски 12, додека Стојковиќ застана на 10 постигнати поени.

В среда од 16.30 часот ќе играме против Исланд во обид да дојдеме до втората победа на првенството и место кое води во разигрување за пласман од деветтата до 16 позиција на ЕП.

ЕП – „ПОД 18“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- МАТОШИНОС 2023

ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 4 КОЛО

Велика Британија – Австрија 79:64
МАКЕДОНИЈА – Норвешка 100:80
Исланд – слободен

ТАБЕЛА

1.Австрија 4 3 1 320:289 7 бодови
2.Велика Британија 3 3 0 240:200 6
3.МАКЕДОНИЈА 3 1 2 242:241 4
4.Исланд 3 1 2 219:233 4
5.Норвешка 3 0 3 218:276 3

ИДНО КОЛО (26 ЈУЛИ)

14.00: Норвешка – Велика Британија
16.30: Исланд – МАКЕДОНИЈА
Австрија – слободна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот