Прва лига: ТФТ израмни во четвртфиналниот плеј-оф против Чаир 2030

фото: kfsm.mk

Чаир 2030 и ТФТ Моцарт го одиграа вториот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на Првата македонска кошаркарска лига, во салата „Шабан Трстена“ славеа гостите со 83:72 (45:35) за израмнување на 1:1 во серијата. На тој начин ТФТ обезбеди два натпревари на домашен терен, во СРЦ „Кале“.

ТФТ имаше постојана контрола над резултатот, ја доби првата четвртина со 22:17, а во втората „црно-белите“ од Тафталиџе беа подобри со 23:18.

Домаќините во третата четвртина по серијата од 10:3, се доближија на 45:48 во третата четвртина. Гостите одново влегоа во проблеми во реализацијата, за пет минути имаа само три поени (тројка на Калхун), па тренерот Смилковски мораше да побара тајм-аут. Без некој особен ефект, затоа што чаирчани и дефинитивно се вратија во натпреварот. На радост на домашниот состав погоди и Мустафица, и тоа тројка за егал скор (50:50), по 26 минути игра.

Следуваше контра-серија на ТФТ од 11:4 која ја инициираше Хаутон со шест поени за враќање на добар дел од високата позитива која ја имаа на полувремето (61:54). А Верц, со помош на Крстевски, му донесоа и уште повисоки 71:59, за по поентирањето на Луис, ТФТ да има и „плус 12“ (74:62), на 03:21 мин. пред крајот на мечот

Верц реализираше 24 поени во победничките редови, а на спротивната страна доминираше Галовеј со 21.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ – ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

Чаир 2030 – ТФТ Моцарт 72:83 (1-1)
Работнички – Феникс 2010 100:94 (2-0)
Пелистер – Еуро Никел 2005 90:85 (2-0)

13 АПРИЛ (САБОТА)

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (1-0)

Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот