Прва лига: „Пелистерци“ ја имаат формата од Златибор, совладан Навико Академија ФМП

Битолски Пелистер со нови бодови во Првата кошаркарска лига/фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Две различни полувремиња во Кисела Вода, и на крајот победа на Пелистер против домашниот тим на Навико Академија ФМП со 70:79 во Првата македонска кошаркарска лига. Домашниот состав, исполнет со доста нови и млади кошаркари, се чини, ја испушти шансата во првото полувреме. Особено да креира поголема предност од онаа која ја оствари по 20 минути од мечот (39:35).

На битолчани како да им требаше тоа прво полувреме, плус и одморот од 15 минути, да заиграат според своите очекувања, но и да ја потврдат добрата форма презентирана и на првиот „балон“ во АБА 2 конкуренцијата, минатата седмица на Златибор. Заиграа „пелистерци“ далеку поефикасно во второто полувреме. Во третиот период направија целосен пресврт, и играчки и резултатски. Негативата од полувремето ја претворија во водство од (61:53).

„Во режија’ на веќе препознатливата „тројка“, Мустафица-Хаџифејзовиќ-Карутерс, тоа беше уште повисоко. По 33 минути веќе беше и 69:56, недостижно за домашниот состав кој успеа само негативата да ја претвори во едноцифрено заостанување.

Мустафица заврши со дабл-дабл ефект од 25 поени и 16 скока, Хаџифејзовиќ дополни со 17, Карутерс со 13, а двоен број на поени – 12 имаше и дебитантот во редовите на Пелистер, Карпентер. На домашната страна, Овенс запиша 18 коша, Кортесио 14, а Настовски 13.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

Навико Академија ФМП – Пелистер 70:79

Струмица 2022 – Феникс 2010 98:92

Чаир 2030 – Еуро Никел 2005 74:73

Куманово 2009 – Кожув 92:78

Гостивар – ТФТ 90:83

26. ОКТОМВРИ (СРЕДА):

17.00: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром

ТАБЕЛА: Гостивар 6 бодови, Еуро Никел 2005 5, Феникс 2010 5, Пелистер 5, Чаир 2030 5, Струмица 2022 4, Кожув 4, ТФТ 4, Куманово 2009 4, Навико Академија ФМП 4, МЗТ Скопје Аеродром 3 (-1), Работнички 2 (-1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот