Прва лига: Кошаркарите на Еуро Никел ја оправдаа фаворитската улога против Кожув

фото: Филип Данински - КК Кожув - Гевгелија

Во рамките од Првата македонска кошаркарска лига составот на Еуро Никел 2005 славеше на гостувањето кај Кожув со 86:81.

Со 19 поени се истакна Глигоријевиќ во победничките редови, три помалку запиша Смит Мексвејн, вкупно 15 имаше Младеновиќ како стартер, Соколов даде 11, а Дубински уште 10.

На спротивната страна Артисон беше прв стрелец со 29 поени, следен од Хукиќ со 17.

Се одигра уште еден меч, Феникс 2010 триумфираше на гостувањето кај Вардар „под Кале“ со резултат 104:89.

Најголем придонес во победата имше Трајковски со 23 поени, Метјус забележа еден поен помалку, а „дабл-дабл“ учинок оствари Џонс (18 поени, 11 асистенции).

За Вардар најрасположен беше Митков со 18 поени, Наков забележа 16, Атанасов 15.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 13 КОЛО

Кожув – Еуро Никел 2005 81:86
Вардар – Феникс 2010 89:104

24 ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Навико Академија ФМП – Охрид
19.00: Чаир 2030 – ТФТ Моцарт

26 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК)

18.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

27 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА)

18.00: Работнички – Пелистер

Табела: Еуро Никел 2005 23 бодови, МЗТ Скопје 23, Пелистер 21, Работнички 20, Чаир 2030 20, Феникс 2010 20, ТФТ Скопје 19, Кожув 16, Гостивар 16, Вардар 16, ФМП Академија 14, Охрид 14.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот