Прва лига: Феникс 2010 и без Трајковски го урна Работнички

фото: kfsm.mk

На почетокот од новата кошаркарска сезона екипата на Феникс 2010 во СРЦ „Кале“ – Скопје успеа да го совлада Работнички со 75:64.

Младиот состав на Феникс 2010 и ослабен без највозрасниот Бојан Трајковски направи изненадување.

Предводени од Петков кој постигна 18 поени, три повеќе од Митревски, а за тимот од Градски парк Бакоч постигна 13 поени (шест скокови).

Првата прволигашка победа ја оствари Чаир 2030 над Куманово со 87:79. Во триумфот придонесе Американецот Стротер со 27 поени, а на спротивната страна прв стрелец беше Србинот Јузбашиќ со 17 поени (10 скокови).

Прва кошаркарска лига

Недела, резултати –

Куманово – Чаир 2030 79:87
Работнички – Феникс 2010 64:75

Вицешампионот Пелистер поразен во Гостивар, ФМП го доби Кожуф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот