Прва хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN во организација на Халкбанк

На 8 Септември, во организација на Халкбанк, во Маврово за прв пат ќе се одржи хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN, за професионални и аматерски велосипедисти, во рамките на која ќе се вози патека во должина од 22 километри, во правец Бистра – Леуново – Бистра.

Првата хронометар велосипедска трка ќе биде организирана со запазување на сите мерки и протоколи врзани за организирање настани во услови на Ковид-19, а пропишани од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Стартот на трката ќе биде хронометар, што значи дека на секои 15 секунди ќе стартува по еден велосипедист и тоа според редоследот на броевите кои натпреварувачите ќе ги добијат при процесот на пријавување, а времињата на старт ќе бидат објавени во стартната листа.

„Трката HALK VELO GREEN е дел од активностите на Халкбанк во насока на промовирање здрави животни навики кај населението и придонесување кон зачувување на животната средина. Овие цели Банката ги промовира и преку апликацијата HalkEco која го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. Успешното организирање на првата хронометар трка „Хронометар HalkEco 10 км“ за која Халкбанк беше генерален покровител, која воедно беше и прв спортски настан организиран во услови на пандемија, нѐ поттикна да организираме прва хронометар велосипедска трка, каде професионалци, но и рекреативци ќе можат да се натпреваруваат и истовремено да уживаат во убавините на Маврово. Благодарност до општина Ростуше која даде голема поддршка за организирање на овој спортски настан кој веруваме дека ќе стане традиционален“, велат од дирекцијата за односи со јавност во Халкбанк АД Скопје.

Во трката HALK VELO GREEN натпреварувачите ќе бидат поделени во 2 категории, ПРО и ХОБИ. Категоријата ПРО ги опфаќа членовите на клубовите во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но во неа ќе можат да возат и сите оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата ХОБИ е наменета за сите велосипедисти кои рекреативно се занимаваат со овој спорт.

Бројот на натпреварувачи ќе биде ограничен на 300 (100 во ПРО категорија и 200 во ХОБИ категорија) натпреварувачи. Пријавувањето ќе се одвива преку www.smartrace.club и ќе трае до 2 септември, а доколку број на учесници се пополни и пред предвидениот рок, пријавувањето ќе биде затворено. Котизацијата за трката изнесува 600 денари, а сите уплатени средства ќе се искористат за пошумување на одредени површини во земјава каде што ќе биде утврдено дека има потреба.

Халкбанк за најдобрите мажи и жени велосипедисти во двете категории обезбеди вредни награди. Првопласираните ќе добијат ваучер за Garmin часовници, додека второ и третопласираните ќе добијат ваучери за спортска опрема. Трката HALK VELO GREEN има и свои значајни пријатели, Халк Осигурување и Полеоспорт, а добредојдени ќе бидат и сите други заинтересирани за вклучување со своја поддршка кон истата.

Апликацијата HalkEco на Халкбанк чиј главен поддржувач е MasterCard, го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. Со користењето на апликацијата при вршење на активност како трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот добива HalkCoins и освојува различни нивоа кои му носат низа подароци и финансиски бенефиции, со крајна цел придонесување кон засадување нови зелени површини на локации во земјата каде е неопходно.


Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот