Прв тигар во светот заразен со коронавирус

Фото: Архива

Тигар во зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирусот, што е првиот потврден случај на заразено животно со Ковид-19 во САД и тигар во светот, соопштија официјални извори.

Министерството за земјоделство на САД соопшти дека станува збор за четиригодишен тигар, прецизирајќи дека уште шест тигри и лавови со кои бил „нулта” тигарот биле во контакт, почнале да покажуваат симптоми на болеста.

Се претпоставува дека животното е заразено од работник во зоолошка градина Бронкс, позитивен на Ковида-19.

Зоолошката градина соопшти дека тигарот почнал да покажува симптоми на болеста на 27 март, а се очекува сите животни да се опорават.

Зоолошката градина Бронкс затвори на 16 март, како дел од мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот