Прв случај на допинг на Олимпијадата во Пекинг

Иранскиот скијач Хосеин Савех Шемшаки/Фото: EPA/CHRISTOPHE KARABA

Потврден е првиот случај на допинг на Зимските олимписки игри во Пекинг. Хосеин Савех Шемшаки (36) од Иран беше позитивен на анаболичен стероид, а требаше да ја претставува својата земја во слалом и велеслалом.

Шемшаки учествуваше на Зимските олимписки игри во Ванкувер пред 12 години и во Сочи пред осум години.

Најдобриот резултат го постигна во Сочи каде го освои 31 место во слаломската трка.

– Спортистот не може да се натпреварува, да тренира или да учествува во каква било активност на Зимските олимписки игри во Пекинг. Исто така, спортистот има право да го оспори изрекувањето на привремена суспензија пред Судот за спортска арбитража, а исто така има право да бара анализа на Б примерокот – велат организаторите.

Искусниот скијач е еден од тројцата претставници на Иран на Игрите во Пекинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот