„Прв семеен Божиќ“: Ребел Вилсон објави празнична фотографија со партнерката и ќерката
Австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон пред неполни два месеци стана мајка. Таа на Инстаграм објави дека добила ќерка со помош на сурогат мајка.
Во јуни оваа година, Ребел ја потврди врската со Рамон Агрум, дизајнерка на облека и накит и сопственичка на брендот „Lemon Ve Limon“, по што се свршија по само седум месеци врска на „Ноќта на вештерките“.
Препорачано
View this post on Instagram
Ова е прв Божиќ за Ребел и Рамона како семејството. Актерката на својот инстаграм – профил сподели фотографии на кои таа и нејзината партнерка позираат со новородената ќерка Ројс Лилијан.
View this post on Instagram
„Прв семеен Божиќ“, напиша таа во описот на фотографиите на кои позираат пред новогодишна елка, додека нивното бебе е во количка.
View this post on Instagram
Претходно Ребел на социјалните мрежи сподели и дека фамилијарно се фотографирале со Дедо Мраз. Актерката и Рамона не објавија каде ги поминуваат празниците, но пред неколку дена папараците ги снимија во Аспен.
ФОТО | Ребел Вилсон стана мајка: Актерката во нова улога заедно со вереницата


