ФОТО | Ребел Вилсон стана мајка: Актерката во нова улога заедно со вереницата

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон стана мајка. Таа на Инстаграм објави дека добила ќерка со помош на сурогат мајка.

„Исклучително сум горда што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат“, напиша Ребел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Не можам ни да почнам да ја опишувам љубовта што ја имам кон неа, таа е прекрасно чудо. Засекогаш ќе им бидам благодарна на сите вклучени во ова (знаете кои сте). Но, посебно „благодарам“ на мојата прекрасна сурогат – мајка, која ја носеше и ја роди со таква благодат и грижа. Ви благодарам што ми помогнавте да основам сопствено семејство. Тоа е неверојатен подарок. Најдобриот подарок“ – додаде актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Подготвена сум да ѝ ја дадам сета љубов на малата Ројс колку што можам. Брзо учат. Голема почит до сите мајки. Горда сум што сум во вашиот клуб“, заклучила таа во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Во јуни оваа година, Ребел ја потврди врската со Рамон Агрум, дизајнерка на облека и накит и сопственичка на брендот „Lemon Ve Limon“, а пред неколку дена објавија дека се свршиле.

Папараците ги „фатија“: Ребел Вилсон на прошетка со новата девојка низ улиците на Лос Анџелес

Папараците ги „фатија“: Ребел Вилсон на прошетка со новата девојка низ улиците на Лос Анџелес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот